„ВАКВИ НЕШТА ГИ ГЛЕДАТЕ САМО НА ФИЛМ“ Како Русите го фатија за коса Зеленски во првите часови од војната: „Тоа беше апсолутно лудило“

189
Украинскиот претседател Володимир Зеленски опиша како руските сили биле блиску да го фатат или убијат во раните часови на инвазијата.

Володимир Зеленски во БучаФОТО: ЕФРЕМ ЛУКАЦКИ / ТАНЈУГ / АП
Володимир Зеленски во Буча



Зеленски беше пофален ширум светот за неговиот одговор на инвазијата откако првите руски трупи влегоа во Украина. Тој се обрати пред американскиот Конгрес, Светската банка и Греми наградите.

Но, неговата позиција како лидер на земјата под напад од многу помоќен сосед можеше да заврши за неколку часа по инвазијата, според интервјуто за магазинот Тајм.

Зборувајќи со новинарот Симон Шустер, кој помина две недели во претседателскиот комплекс во Киев, Зеленски опиша како руските војници биле блиску до пронаоѓање на него и неговото семејство додека се обидувале да ја заземат владината област во главниот град на првиот ден од конфликтот.

ФОТО: СЕРГЕЈ ДОЛЖЕНКО / ЕПА;

По почетокот на бомбашкиот напад, тој и неговата сопруга Олена Зеленска отишле да им кажат на ќерката (17) и синот (9) да се подготват да избегаат од дома.

– Ги разбудивме. Беше гласно. Таму имаше експлозии, рече тој.

Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog