Фармацевтската компанија Фајзер соопшти дека доброволно повлекува пет серии од своите таблети за крвен притисок Accupril, откако открила покачени нивоа на потенцијален агенс што предизвикува рак.
Производителот на лекови рече дека не знаел за какви било извештаи за несакани ефекти поврзани со повлечените серии, кои биле дистрибуирани во САД и Порторико од декември 2019 до април 2022 година.
Фајзер Канада, исто така, ги укина сите серии од три дози на Accupril, откако откри дека истата нечиста супстанција е над прифатливото ниво, објавија медиумите.
Компанијата соопшти дека не постои директен ризик за пациентите кои го земаат овој лек, во кој е пронајден агенсот нитрозамин.
Нитрозамините се вообичаени во водата и храната, но изложеноста над прифатливите нивоа во подолг временски период може да го зголеми ризикот од рак.
Минатиот месец, Pfizer повлече и некои серии на друг лек за крвен притисок Accuretic и две одобрени поевтини верзии поради присуството на можен канцероген, пишува Ројтерс.