ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА KOBИД ЛОГОР ВО ШАНГАЈ! КИНЕЗИТЕ СПИЈАТ ЕДЕН ПРЕКУ ДРУГ – ВО 1 ЛОГОР ДУРИ 50.000 КРЕВЕТИ!

Затворањето на Шангај со неговите 25 милиони луѓе доведе до работ на очај многу од неговите жители, жители на кои веќе им е „преку глава“ од кинеската политика „нулта кoвид“.
Кинеските власти ги затвораат во карантински центри, односно логори сите кои се позитивни на кoвид, без разлика дали имаат симптоми или не, а дури неодамна беше олеснета политиката за одвојување на заразените деца од болните родители, кога на некои родители им беше дозволено да бидат со своите болни деца по протестите на јавноста.
Сепак, властите ветија дека најголемиот град во Кина „нема да се опушти“ и подготвија 100 нови објекти за карантин за прием на „позитивни“ – а како е во нив неодамна сведочеа некои жители на Шангај.
На Бејбеи и нејзиниот сопруг им беше наредено да одат во големиот Национален изложбен и конгресен центар во Шангај минатиот вторник, откако поминаа 10 дена изолирани во нивната куќа поради позитивен тест за кoрона. Центарот, во кој се сместени 50.000 кревети, е еден од повеќе од 100 објекти за карантин основани во градот поради луѓето како Бејбеи – позитивни, но без симптоми. Според Yahoo News, ова е дел од напорите да се спречи избивањето на најголемиот бран на заболени од почетокот на пaндемијата во Вухан пред две години.
Бејбеи спие покрај илјадници странци во редови и редови кревети, со светла запалени цела ноќ, а сè уште не нашла топла вода за туширање. Таа и нејзиниот сопруг се сместени во конгресниот центар, додека нивната двегодишна ќерка, која била негативна, сега е кај нејзиниот дедо (и баба и е во карантин).
– Луѓето не покажуваат очигледни симптоми. Има луѓе кои кашлаат. Но, немам поим дали имаат ларингитис или oмикрон – изјави Бејбеи во интервју за АП спроведено преку видео телефон.
– На почетокот луѓето беа исплашени и испаничени, но откако ги објавуваа дневните бројки (заразени), почнаа да прифаќаат дека овој вируc не е толку страшен – рече Бејбеи, која наскоро треба да замине по двата негативни теста во конгресниот центар.
Таа истакна дека имала „полн нос“ и дека го изгубила чувството за вкус и мирис, но дека симптомите и поминале за само неколку дена.
Рекорден број на заразени и покрај затворањата и високата стапка на вaкцинација
Поголемиот дел од Шангај почна да се затвора на 28 март, што доведе до поплаки за недостиг на храна и економски загуби. Секој кој е позитивен на тестот, но има малку или никакви симптоми мора да помине една недела во карантинска установа.
Шангај, кој е во центарот на најновата eпидемија во Кина, минатата сабота пријави рекордни 3.590 симптоматски случаи на кoронавирус и 19.923 асимптоматски случаи, пренесува Ројтерс. Во понеделникот, кинеската влада пријави 23.460 нови инфекции во континентална Кина, од кои само 2.742 имале симптоми. На Шангај отпаѓаат дури 95 отсто од тие случаи или 22.251 лице, од кои 2.420 имале симптоми.
Градот има пријавено над 300.000 случаи од крајот на март. Шангај почна да ги олабавува ограничувањата минатата недела, иако здравствен службеник предупреди дека eпидемијата во градот не е под контрола.
Им мерат температура два пати на ден
На заразените во кoвид логорите им се мери температура два пати на ден и им е кажано да ги снимаат здравствените информации на мобилните телефони, рече Бејбеи.
Повеќето луѓе го поминуваат времето во кaрантин читајќи, гледајќи онлајн предавања или видеа на нивните телефони. Кoвид логорот во Шангај, со површина од 420.000 квадратни метри, е најпознат како место на најголемиот салон за автомобили во светот. Другите карантински центри се привремени монтажни објекти, според Yahoo News.
Луѓето од другите институции се пожалија дека од покривите тече вода, дека нема доволно храна и дека се чека за лекување поради медицински проблеми. На снимката до која дојде АП се гледаат влажни кревети и подови поради протекување од покривите во монтажните објекти. Бејбеи, која е сместена во Кoвид логорот, рече дека таа и нејзиниот сопруг не можат да најдат место со топол туш.
– Бањите не се многу чисти. Премногу луѓе ги користат, така што чистачите не можат да одржат чекор. Светлата се запалени цела ноќ, тешко е да се заспие – изјави Бебеи.