Бугарите и Полјаците не останаа единствените без гас! Русите им ја затвораат чешмата на Хрватите, Македонците, Данците, Холанѓаните и Французите?
Бугарите и Полјаците се чини дека не се единствените или наскоро ќе останат без руски гас.
Следната компанија што ќе биде исклучена од снабдувањето ќе биде данската Орстед, која купува до 2 милијарди кубни метри гас годишно преку „Северен тек“, предвидува Алексеј Гривац, заменик генерален директор на Фондот за национална енергетска безбедност, пренесува „Известија“.
Првиот човек на Центарот за развој на енергетиката Кирил Мелников смета дека по Данска уште неколку земји ќе одбијат да платат во рубљи и со тоа да останат без залихи.
– Во нашиот последен месечен извештај претпоставувавме дека Литванија, Холандија, Хрватска, а исто така, со голема веројатност и Франција ќе одбие да плати во рубљи, рече Мелников.
Тој смета дека Унгарија и Австрија ќе продолжат да плаќаат.
– Од политички аспект клучна позиција е Германија, која се уште не е одредена, според наша проценка има неколку денови за тоа. Италија е важна и во однос на обемот на набавки, која се подготвуваше да го одбие рускиот гас, но истовремено зазеде неутрална позиција за преминот кон плаќање во рубљи. Ако германските компании продолжат да плаќаат, Гаспром може да загуби и до 20 отсто од обемот, но цената ќе се зголеми на ист начин, смета Кирил Мелников.