Бугарија и кажа не на Украина: „Премногу сме блиску до конфликт“

44

Бугарија одбива да испорача оружје на Украина, пишува Блумберг. Премиерот Петков смета дека Бугарија е „премногу блиску до конфликт“ за да испрати оружје таму.

Истовремено, по ова прашање дојде до раскол во владејачката коалиција.

Социјалистичката партија предупреди дека ќе се повлече од коалицијата доколку воена опрема од Бугарија биде испратена во Украина. И друга коалициска партија, Демократската партија, рече дека ќе го стори истото доколку Бугарија одбие да достави оружје во Киев, пишува Блумберг. Премиерот вети дека „ќе бара дијалог во коалицијата“.

Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog