ПУТИН ОТКРИВА КОГА ЌЕ РАЗГОВАРА СО ЗЕЛЕНСКИ! Ердоган се огласи, давајќи детали за својот план

58
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски дури по конкретни резултати.





Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски само доколку тековните разговори меѓу двете земји донесат конкретни резултати, соопшти денеска Кремљ.

Путин му рекол на Мишел дека Киев покажува дека не е подготвен да бара заемно прифатливи решенија и ја обвини украинската страна дека е недоследна во преговорите , објави Ројтерс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека планира телефонски разговори со Путин и Зеленски во наредните денови, додавајќи дека се надева оти овие повици би можеле да доведат до нивна средба во Турција со цел да се стави крај на руско-украинскиот конфликт.

– Со поканите планираме процесот во Истанбул да го подигнеме на ниво на претседателот – изјави Ердоган, пренесува Ројтерс.

Членката на НАТО, Турција дели поморска граница со Украина и Русија, одржува добри врски со тие земји и презеде посредничка улога во нивниот дијалог, пишува Ројтерс.

Турција беше домаќин на разговорите меѓу шефовите на дипломатиите на Украина и Русија во Анталија и преговарачите на двете земји во Истанбул и упорно се залага да се сретнат и претседателите на двете земји, наведува британската агенција.

Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog