Јотова најави нова блокада од Бугарија во јуни: Ништо не е мрднато во Македонија! Не се воопшто спремни за во ЕУ
Бугарската потпретседателка Илијана Јотова во интервју за бугарска телевизија најави нова блокада од страна на Бугарија во јуни за преговарачкиот процес на Македонија затоа што според неа ништо не мрднало.
„Бугарија има четири, пет услови кон Република Северна Македонија, кои се поставени многу одамна, уште од моментот во 2019 година кога стана јасно дека после потпишувањето на Договорот за добрососедство ништо не мрднало. После осумнаесет седници на Мешовитата историска комисија ниту еден ред не е сменет во текстовите во училиштата во Република Северна Македонија“, вели Јотова.