ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО БРИСЕЛ? Раскол во ЕУ како никогаш до сега – Борел: Некои земји од ЕУ се закануваат со вето на забраната за увоз на енергија од Русија
Шефот на европската дипломатија Борел најави закани до ЕУ дека некои земји-членки ќе стават вето на забраната за увоз на енергија од Русија.
Земјите од ЕУ се уште немаат намера да забранат увоз на руска енергија, особено нафта. Причината е едноставна: многу земји се заканија дека ќе стават вето на одлуката, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел .
Според Le Figaro , Германија, Австрија и Унгарија се противат на ембаргото на руската нафта бидејќи им е потребно тоа гориво.
Полска и Франција се залагаат за забрана за увоз на нафта од Русија.
Борел нагласи дека иако европските земји не можат да постигнат договор, некои од овие земји решиле сами да го намалат увозот на руска нафта.
Шефот на дипломатијата на ЕУ истакна дека на среден рок, државите од ЕУ ќе мора на еден или друг начин да се откажат од руската енергија. Според него, ваквото одбивање е „најважната фаза во градењето автономија“.
Иако аналитичарите предвидуваат дека по одбивањето да увезе руска енергија, ЕУ ќе мора да увезува поскапа енергија од САД, Борел не го кажа тоа.