Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека Мариупол е ослободен. Според него, во времето кога градот бил опколен, бројот на припадниците на украинската војска и странските платеници бил околу 8.100 луѓе.
Шојгу го нарече Мариупол престолнина на екстремистичкиот „Азов“. Околу 2.000 екстремисти остануваат во фабриката Азовстал. Досега се предале 1.478 припадници на баталјонот.
Вооружените сили на Русија и единиците на ДНР и ЛНР ги презедоа сите мерки за заштита на населението. И покрај субверзивните акции на екстремистите, повеќе од 143.000 граѓани беа евакуирани од градот, а сите заложници кои беа во пристаништето беа ослободени, рече министерот Путин.
Операцијата на „Азовстал“ трае уште три-четири дена, истакна Шојгу.
Рускиот претседател од своја страна изјави дека нема потреба да се влегува во катакомбите. Индустриската зона во Азовстал да се блокира за да не лета ни мува.
Путин смета дека е нецелисходно да се изврши напад на Азовстал.
„Ви наредувам да го откажете“, му рекол Путин на Шојгу.