Елегантната шлаканица на Путин: Немам што да разговарам со тебе или со нив…

Претседателот на Русија, Владимир Путин, му соопштил на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кој случај ќе се разговара со претседателот на Украина.

Како што наведе, ќе разговара со претседателот на Украина Володимир Зеленски само доколку тековните разговори меѓу двете земји донесат конкретни резултати, соопшти денеска Кремљ.

Путин му рекол на Мишел дека Киев покажува дека не е подготвен да бара заемно прифатливи решенија и ја обвини украинската страна дека е недоследна во преговорите, пренесе Ројтерс.

Веќе овој месец, Путин во неколку наврати одби да разговара со претставниците на ЕУ за прекинот на огнот, сметајќи дека тоа е маневар на ЕУ за одложување на воените операции.

Русија е подготвена да го прекине огнот

Русија е подготвена да го прекине огнот за да им дозволи на борците во фабриката за челик Азовстал во Мариупол да ја напуштат фабриката заедно со сите цивили таму.

Ова денеска го соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на РИА Новости.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа