Во базата „Азов“ во Мариупол се пронајдени тајни упатства на американската армија наменети за разузнавачките единици.
Според руските војници, таквите документи обично се уништуваат доколку единиците не можат да ги носат, но „Азов“ не успеал во тоа.
Истрели и експлозии се слушаат во реонот на фабриката Азовстал во Мариупол, каде што се блокирани останките на украинската група.
Градот Мариупол премина во рацете на руските сили, а тоа го потврди и министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Во исто време, фабриката „Азовстал“, во која се сместени членовите на екстремистичкиот баталјон „Азов“, сè уште е блокирана, а рускиот претседател Владимир Путин и наредил на армијата да го откаже нападот. Во меѓувреме, борбите продолжуваат долж целиот фронт во Донбас .