Американскиот министер за финансии ја повикува Европа да биде внимателна: Целосното ембарго нема да и наштети на Русија

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен ја предупреди Европа да биде внимателна за воведување целосно ембарго на увозот на руска енергија, бидејќи таквата одлука може да и наштети на глобалната економија и да го забави растот.

На прес-конференција на маргините на пролетниот состанок на ММФ и Светската банка во Вашингтон, Јеленова рече дека итна забрана за увоз од ЕУ „несомнено ќе ги зголеми светските цени на нафтата“ и „ќе има штетен ефект врз Европа и другите делови на светот“, објави Фајненшл Тајмс (ФТ).

 

„На среден рок, Европа очигледно треба да ја намали зависноста од Русија за енергија, но мора да бидеме внимателни кога размислуваме за целосна европска забрана за увоз на нафта“, рече таа.

Таа додаде дека целосното ембарго можеби нема да има големо негативно влијание врз финансиите на Москва, бидејќи Русија е погодена од повисоките цени.

Наместо тоа, смета таа, фокусот на западните сојузници треба да биде на обидот да се намалат „приходите од продажбата на нафта и гас“ на Русија.

– Кога би можеле да смислиме начин да го направиме тоа, без да му наштетиме на целиот свет преку повисоките цени на енергијата, тоа би било идеално. И тоа е она што сите заедно се обидуваме да го решиме – изјави Јеленова.

Членките на ЕУ размислуваат за забрана за увоз на руска нафта поради, според ФТ, злосторства извршени од московските сили врз украинските цивили. Забраната за увоз на гас е политички и економски потешка одлука, но би можела да се најде на маса во подоцнежна фаза.

 

Соединетите Држави воведоа целосна забрана за увоз на руска енергија и ги ограничија новите американски инвестиции во рускиот енергетски сектор. Сепак, економската улога на Вашингтон е многу помала од европската, бидејќи руските извори на енергија имаат незначителен удел во вкупниот американски увоз.

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа