Поранешен бугарски министер за внатрешни работи: Вистината за американските биолаборатории во Украина мора да се слушне низ целиот свет
„Целиот свет треба да ја види вистината. Тенденцијата е за настаните во Украина да се известува само еднострано. Наместо тоа, треба да се прикаже целата вистина, колку и да е убава, кога станува збор за лаборатории за подготовка на биолошко оружје на територијата на Украина“, напиша Петков на својата „Фејсбук“ страница.
Тој оцени и дека единствено решение за ставање крај на руско-украинскиот конфликт би можело да биде воспоставување мир.
Поранешниот министер посочи и дека изјавата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, дека конфликтот меѓу Русија и Украина може да се реши само на бојното поле, „ќе ги доведе во прашање целите на Европската комисија и на Европската унија. “
Ваквите ставови поранешниот бугарски министер ги искажал на средбата со рускиот амбасадор во Бугарија Елеонор Митрофанов. За време на разговорите, Петков и се заблагодари на руската страна за грижата за бугарските морнари, кои беа евакуирани од Мариупол благодарение на силите на Доњецката Народна Република и Русија. Според Петков, „секој нормален граѓанин на Бугарија го цени тоа“.
Специјална воена операција во Украина
На 24 февруари рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките од Донбас се обратиле до Москва за помош.
Путин истакна дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. Според него, планирано е да се „демилитаризира и денационализира Украина“ и да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства врз цивилите“ во Донбас.
Да потсетиме, руското Министерство за одбрана објави докази дека биолабораториите во Украина вршеле научни експерименти во име на американското Министерство за одбрана. Исто така, Москва ги објави имињата на луѓето кои раководеле со тие лаборатории, како и докази дека се вршени експерименти врз пациенти во психијатриска установа во Харков.
ZeroDot / Сателит