Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека минатомесечниот раст на инфлацијата од 70 отсто е последица на зголемувањето предизвикано од војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина и нејзиното влијание врз цените на горивото и енергијата, пренесува Анадолија.
„Путиновата инвазија на Украина ги зголеми цените на гасот и храната ширум светот. Тоа го видовме во најновите податоци за инфлацијата. Правам се што можам за да ги намалам цените и да одговорам на поскапувањето на Путин“, напиша Бајден на Твитер.
Бајден рече дека одобрил ослободување на еден милион барели сурова нафта од резервите дневно, во координација со американските партнери и сојузници ширум светот, додека неговата администрација работи со американските производители на нафта за да го зголеми производството.
„Покрај цените на бензинот, го повикав Конгресот да преземе итни чекори за намалување на трошоците за семејните сметки за комунални услуги, цените на лековите и друго, а истовремено да го намали дефицитот за да ги намали инфлаторните притисоци. Тоа би направило голема разлика за семејствата“, рече Бајден.