Разрешен Јани Макрадули

Разрешен е генералниот директор на Пошта, Јани Макрадули.

Вреди да се напомене дека пред неколку дена вработените во овој сектор протестираа барајќи повисоки плати, но уште првиот ден успеаја да дојдат блиску до договорот со директорот Макрадули.

„На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија„ соопштија од владата.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа