ЕВРОПСКАТА ДРЖАВА НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ БЕЗ ПОСЛЕДИЦИ: Русија возвраќа, Путин дава рок до крајот на денот на 24 април!

Цврста одлука на Москва

По протерувањето на четворица руски дипломати од Австрија, Русија прогласи четворица австриски дипломатски претставници персона нон грата , се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Според соопштението на руското МНР, на 19 април во министерството бил поканет австрискиот амбасадор во Москва, Вернер Алмхофер.

– Руската Федерација како реципрочна мерка прогласи четворица австриски дипломатски претставници во Русија за персона нон грата. Тие ќе треба да ја напуштат државата на 24 април до крајот на денот. На амбасадорот му беше врачена протестна нота – се додава во соопштението.

Како што беше наведено, протерувањето на руските дипломати од Австрија предизвикува сериозна штета на билатералните односи и на меѓународната власт на Австрија.

Од почетокот на војната во Украина, многу земји протераа руски дипломати. Меѓу нив се: балтичките земји, Словенија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Данска и Романија.

Претходно Европската унија објави дека прогласува 19 вработени во постојаното претставништво на Русија во ЕУ за персона нон грата. Од своја страна, Москва вети соодветен одговор.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа