Лидерот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров оцени дека за Зеленски се ќе биде готово за неколку дена.
„Прочитав дека Зеленски изразил подготвеност да се бори 10 години. Немаме толку време, ќе завршиме со вас деновиве“, рече Кадиров во аудио снимката објавена на телеграмата на претседателот на Чеченија, пренесува РИА Новости.
Кадиров препорача Зеленски да оди, како што рече, „кај својот постар брат Бајден и да се ракува“, алудирајќи на ситуацијата во која се најде американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела.