Додека СДСМ и дуи се плашат да спомнат македонци во Бугарија Зијадин Села бара права за македонците на Пирин
Во врска со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола Села оцени дека таквите потези не одат во прилог на надминување на спорот помеѓу двете држави и не води кон отворање на преговори за Македонија за членство во ЕУ.
Лидерот на Алијанса за Албанците смета дека експертите не можат да го решат спорот, зашто според него, политичарите се тие кои можат да направат компромис, додека експертите генерално се држат до факти и науката.
„Го повикувам бугарскиот премиер да го тргне ветото и Македонија и Албанија да станат членки на ЕУ. Ги повикувам бугарските политичари да имаат ист однос кон овие праашања каков што имаме ние политичарите овде во Македонија. Освен тоа, прашањето за проширување на ЕУ има веќе и геополитичко значење“, рече Села.