ДАЛИ ПУТИН ГО ПУШТИ НАЈОПАСНОТО ОРУЖЈЕ ВО СВЕТОТ? Нуклеарни бомбардери забележани на небото над Украина (ВИДЕО)

На видеото се гледа моментот кога рускиот нуклеарен бомбардер ТУ-160 лета во близина на границата со Украина, во регионот Калуга.

Се појави видео на кое се гледа како нуклеарниот бомбардер ТУ-160 лета во придружба на 4 ловци и полнат гориво во западна Русија во близина на границата со Украина.

Русија е под притисок поради загубата на важниот воен брод „Москва“ во Црното Море, а тоа се толкува како закана за Украинците. 

Министерството за одбрана на Русија не ја коментираше целта на прелетувањето на овие авиони, како и нивната мисија.

Во моментов, бомбардери ТУ-95 се користат за бомбардирање на украинските градови, најмногу во Киев и Лавов. Тие не носат нуклеарно оружје, туку крстосувачки ракети Kh-55. Путин ги искористи за последен пат пред војната во Украина кога испрати 2 „мечки“ (колоквијално име што НАТО го користи за бомбардери ТУ-160) на север од Шкотска, но тие беа пресретнати од англиските „тајфуни“ кои припаѓаат на кралските воздухопловни сили.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа