ПО МАРИЈУПОЛ, ОВОЈ ГРАД ЌЕ БИДЕ СЛЕДНАТА ЦЕЛ НА ПУТИН! Руските вооружени сили се веќе на прагот? (ВИДЕО)
Мариупол сега е фокусна точка на војната во Украина. Руската армија во четвртокот објави дека, наводно, презела целосна контрола над поголемиот дел од Мариупол. Откако го зазеле пристанишниот град, Русите тргнале да ја освојат Авдијевка.
Новинарот Семјон Пегов, кој ја следи руската армија во текот на целата офанзива во Украина, објави нови детали од Мариупол. Тој откри дека „откако ќе завршат неонацистите“ во тој град, главната цел на армијата на „Доњецката Народна Република“ и силите на Руската Федерација ќе биде да ја заземат Авдиевка.
Станува збор за важен град во регионот на Доњецк, центар на регионот кој се протега северно од Доњецк и проценката од претходните години е дека имал од 17 до 20 илјади жители.
– Областа Авдијивка е директно во близина на аеродромот во Доњецк. Оттаму, националистичките сили на Украина редовно го гранатираат главниот град на ДНР. Под нивните удари постојано се оштетуваат цивилни населби – објави во четвртокот.