Левица обвинува: СДС И ДУИ МУ СПРЕМААТ ГЕНОЦИД НА ЈУГОИСТОКОТ!

СДС И ДУИ МУ СПРЕМААТ ГЕНОЦИД НА ЈУГОИСТОКОТ!
Спремно е се да поминат новите измени на Законот за минерални суровини со кои се анулираат институционалните механизми на народот за борба против РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА.
Најпрво имаше опција локален референдум. Рударското лоби си ги седна судиите од Уставен во скут и овие ги поништија сите локални референдуми со небулозно образложение и така испратија порака дека во иднина џабе ќе се прават референдуми на оваа тема.
Потоа остана механизмот МИСЛЕЊЕ на законски предвидените институции, меѓу кои и мислења на општините. Во превод доколку една општина даде негативно мислење за отварање на РУДНИК НА СМРТТА на нејзина територија концесии не се издаваа.
Сега, со овие измени се предвидува мислењата на општините да не се обврзувачки.
Во превод и на референдум да решиме дека не сакаме РУДНИК НА СМРТТА во наша општина и совет на општина едногласно да даде негативно мислење власта пак да си дава концесии за рудници.
И сето ова го прават со шверц на измениве со европско знаме. Во превод, во скратена постапка во која не може измените да се блокираат со филибастер односно со амандмани.
Алооо, СДС, остана некој нормален во тоа ванчомихајловистичко дувло??? Со ветување дека нема да има РУДНИЦИ НА СМРТТА и дека тоа е масло на Грујо во Југоистокот собиравте гласови. Нормални ли сте вие? Има ли тамо некој свесен на кај оди работава.
Ама ако, оти ако совет на општина не може да одлучи, ако народ на референдум не може да одлучи тогаш ќе реши народ на лице место со копачи и секири.
Немате поим со што си играте!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа