Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека главната цел на воената интервенција во Украина е да се урне „чуден светски поредок во кој доминираат САД“.
Тој рече дека Америка предолго го прекршила меѓународното право и ги угнетувала послабите, себично земајќи ги предвид само своите интереси.
Во интервју за телевизијата „Русија 24“, Лавров рече дека Москва нема да ја послуша волјата на Вашингтон и дека западните сили повеќе нема да можат да ги игнорираат „легитимните безбедносни интереси на Руската Федерација “ .
– Нашата специјална воена операција во Украина има за цел да стави крај на непреченото проширување на пактот за НАТО и на нескриената аспирација на САД да владеат со целиот свет. Америка се обиде да му наметне на светот смешен светски поредок заснован на правила кои и одговараат и кои можат да се менуваат како што ѝ одговара, доколку е потребно . Соединетите Држави ја изградија својата доминација на грубо кршење на меѓународното право и угнетување на другите држави – рече Лавров.