МАРИН ЛЕ ПЕН ГО ПОДГОТВИ ПОБЕДНИЧКОТО ШАМПАЊЕ! Првите прелиминарни резултати во Франција
Емануел Макрон и Марин Ле Пен се изедначени на претседателските избори во Франција со околу 24 отсто од гласовите и ќе поминат во вториот круг, тврдат белгиските медиуми, повикувајќи се на првите излезни анкети.
Во вториот круг од француските претседателски избори ќе има „реприза“ на претходните од 2017 година, со конкуренција на Макрон и Ле Пен, тврди белгиски „Соар“, кој наведува дека двајцата се изедначени со 24 отсто. додека трет е Жан-Лук Меланшон, левичарскиот кандидат , кој треба да добие околу 19 отсто од гласовите.
Белгискиот весник наведува дека ова се резултатите од првите излезни анкети на француските избори, а гласачките места се отворени до 19 часот, со исклучок на некои градови во кои ќе се гласа до 20 часот. Истата оценка ја даде и весникот „Ла Либр Белгик“, повикувајќи се и на првите излезни анкети.
Според новинарите на Соара, Марин Ле Пен веќе подготвила „претседателски шампањ“ во нејзиниот изборен штаб. Одѕивот се очекува да биде нешто помал од претходните избори кога не гласале 22,2 отсто од гласачите, додека апстиненцијата на денешните избори се проценува на 26,5 отсто.
Според проценките, до 17 часот на гласање излегле 65 отсто од гласачите, додека во 2017 година излезноста во истиот период била 69,4 отсто.