Војната од Украина продолжува на балканот? Србија трупа оружје како никогаш до сега! АМЕРИКА ВО ПАНИКА: „Спроведена тајна операција во Србија“, МОЌНО Кинеско ОРУЖЈЕ испорачано во Белград!

Американската агенција Асошиетед прес денеска наведува дека Србија добила софистициран кинески противвоздушен ракетен систем во, како што велат, тајна операција што се случила викендов.

АП, повикувајќи се на медиумите и воените експерти, наведува дека во саботата во Белград слетале шест кинески воени транспортни авиони Y-20, носејќи го ракетниот систем земја-воздух HQ-22 за српската армија. Агенцијата тврди дека на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ биле фотографирани кинески товарни авиони со воени ознаки.

Експертите сметаат дека испораката на оружје преку најмалку две членки на НАТО, Турција и Бугарија, е демонстрација на растечката кинеска моќ во светот, според АП. Кинескиот ракетен систем најмногу се споредува со американскиот Патриот или рускиот систем С-300, иако има помал дострел од С-300.

Србија ќе биде првата земја во Европа што ќе поседува кинески ракети, се додава во текстот на АП.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа