Битка кај Азовстал: Внатре има 3.000 украински борци, офицери на НАТО, научници од биолошки лаборатории…
Мариупол е сè уште централното место на руско-украинскиот конфликт. Се водат жестоки битки, а најмногу прашина се крева околу фабриката Азовстал.
Специјалната воена операција на Русија откри мрежа на биолошки лаборатории во Украина за истражување и контрола на биолошката состојба, како што претходно изјавија руските власти, а на подрачјето на тој град се направени големи откритија.
Според Едуард Басурин, лидер на Доњецката Народна Република, повеќе од 3.000 националисти и странски борци се кријат во фабриката Азовстал, вклучувајќи и голем број војници на НАТО и научници поврзани со биолошки лаборатории во Украина.
Според руската страна, под индустриската зона Азовстал, во сопственост на украинскиот олигарх Ринат Ахметов, има 24 километри тунели на длабочина до 30 метри.
Според наводите, постои таен објект на НАТО ПИТ-404- и тајна биолошка лабораторија со биолошко оружје. Во објектот ПИТ-404 блокирани се странски службеници, се тврди. Тунелите се опремени со систем на бункери со оклопна заштита.
Внатре има околу 240 странци, меѓу кои и офицери од НАТО и француската легија на странци, како и персонал од биолошката лабораторија. Нивната стража, финансирана од Ахметов, има 3.000 луѓе.