Сашо Тасески ги откажа сите настапи во Само Вистина поради цензура кон Русија

Вчера на емисијата Само вистина се уверив на своја кожа каков отпор има овде да се чуе другата страна за војната во Украина.
Цело време правиме муабет на некои дневнополитички теми,, зошто се краде, зошто се нема пари, криза, цени и на на самиот крај на емисијата добиваш прашање за Украина, ама не суштинско, туку ете како ја исклучиле Русија од некој совет во ОН, па за некои убиства на цивили за кои западната пропаганда ги третира за масакри од страна на Русите..
И ти бараат мислење…
Соговорникот Иванов даде свое, доста стерилно и патетично и дојде ред на мене.
Реков ајде наместо да се занимаваме со тоа кој кого убил во војната, оставете ме да ја објаснам позадината на таа војна која е објективна.
Како дојде до неа?
Тоа е суштинско прашање.
И почнав, како Путин 20 години ги опоменува да не му го носат НАТО во двор и дека еден ден ќе мора да удри зашто доближување на НАТО е прашање на живот и смрт за Русија.
И тука само што влегов во детали и кажав дека санкциите нема да го спречат Путин да оствари што наумил, соговорникот мајсторски но и подмолно ме прекина, сум навивал за Русија, сум бил за војна….
Нормално реагирав на таа подмолност и обид да се сруши дебатата за Украина, тој продолжи да ме прекинува, водителката не реагираше, веќе не ја ни интересираше да го чуе крајот на моето излагање, па елегантно ја прекина емисијата, знаете она: Жал ми е тука е крајот на емисијата, ви благодариме… Бла бла бла… А бе многу елегантно.
Излегувам од студио си велам, што мајка бараш во вакви дебати, во ова никакво време кога постои терор врз вистинита во медиумите.
Па ќе речат Тито правел цензури и Сталин. Ова денес е ултра дамбетер.
Затоа не ме викајте повеќе во емисии, ниту пак сакам да ви дојдам во овие околности.
Прајте си муабет по емисии кој колку украл кој колку ќе лежи и зошто не лежи, додека бегате од објективна дебата за глобалните настани кои еден ден ќе не разнесат ко цунами зашто се плашиме да се соочиме со нив заземајќи страна на губитници.
Набрзо ќе го сфатиме тоа колку погрешна насока сме фатиле.
Страшно е во каков свет се разбудивме. Бркајте работа.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа