Уште не паднати од Власт сите ќе испозавршат во затвор! Се бара притвор за Зекири: Осомничен дека ја оштетил државата за 800 илјади евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на РСМ. А1он дознава дека се работи за генералниот секретар во Владата, Мухамед Зекири.

Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени.

Според наводите на порталот, Зекири го оштетил буџетот за неверојатни 800 илјади евра, а за случајот е побаран притвор!

Извор: А1 ОН

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа