ЕКСПЛОЗИЈА! Ако утре се одржат избори ВМРО со двојна разлика ќе го прегази СДСМ! Мицковски најпопуларен политичар
Во однос прашањето на кого од политичарите најмногу му веруваат граѓаните, како што брифираат од ВМРО-ДПМНЕ, најголема доверба од девет отсто има Христијан Мицкоски. Следен е Пендаровски со 6 отсто, додека премиерот Ковачевски има доверба од 4 отсто
Дел од испитувањето на јавното мислење, кое го нарачале од ВМРО-ДПМНЕ, биле и прашања во врска со бугарското вето и барањето Бугарите да се вклучат во Уставот, во однос на кое 39 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија
Доколку утре граѓаните би требало да гласаат на предвремени парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би се одлучиле 18,2 отсто, а за СДСМ гласот би го дале 9,5 отсто.
Ваков резултат покажува анкета на ИПСОС направена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од опозициската партијата. Анкетата била спроведена теренски на примерок од 1 007 испитаници во периодот од 2 до 16 март 2022 г.
Во однос на другите партии, според резултати за кои брифираат од партијата, следни две партии се ДУИ и Левица со речиси ист рејтинг, а зад нив е Алијанса за Албанците со само 0,5 отсто помалку.
Целосните одговори на прашањето „Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори, за кој би гласале?“, се:
- ВМРО-ДПМНЕ 18.2%
- СДСМ 9.5%
- ДУИ 4.1%
- ЛЕВИЦА 4.0%
- АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.5%
- БЕСА 1.2%
- АЛТЕРНАТИВА 0.7%
- ДПА 0.4%
- ЛДП 0.2%
- Други 1.2%
- Неодлучни 16.5%
- Одбивам да одговорам 15.9%
- Нема да гласам 24.6%
Во однос прашањето на кого од политичарите најмногу му веруваат граѓаните, како што брифираат од ВМРО-ДПМНЕ, најголема доверба од девет отсто има Христијан Мицкоски.
Втор е претседателот Стево Пендаровски со 6 отсто, потоа премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски со 4 отсто.
Следен, според анкетата на ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, е претседателот на Левица, Димитар Апасиев, со 3 отсто доверба, исто колку што има и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, според оваа анкета се последни со 2 отсто доверба.
Дел од испитувањето на јавното мислење кое го нарачале од ВМРО-ДПМНЕ биле и прашања во врска со бугарското вето и барањето Бугарите да се вклучат во Уставот. Така, на прашањето „со која од следниве изјави најмногу се согласувате“, биле добиени следните одговори:
- Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија – 39 отсто
- Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе почне преговори со ЕУ – 20 отсто
- Македонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток за преговори со ЕУ – 10 отсто
- Не знам – 31 отсто