Во 360 села во Северна Грција се зборува на македонски јазик, со исклучок на Кукуш во овој дел на Грција живеат Македонци како на почетокот на дваесетиот век. Во областа на Лерин најмалку половината од населението го познава и го користи македонскиот јазик, ова е констатација на студијата Евромозаик, проект на Европската Комисија за заштита на малцинските јазици. Студијата е направена во 90 – тите но се уште е актуелна. Европските лингвисти го вброија македонскиот јазик во јазиците на европските малцинства и кој масовно се користи во Грција и покрај забраната и непризнавањето од страна на државата.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?