Раскол во ЕУ? Австрија го отфрли ембаргото за увоз на руски гас

Официјална Виена се противи на воведување ембарго за увоз на руски гас, а австрискиот министер за финансии Магнус Брунер денеска пред состанокот на Еврогрупата во Луксембург изјави дека Австрија целосно се согласува со Германија и го отфрла ембаргото за рускиот гас.

Претходно, германскиот министер за економија Роберт Хабек се изјасни против итно воведување ембарго за увоз на енергенси од Русија.

„Санкциите се корисни само ако не влијаат на оној што ги воведува“, рече Брунер.

Рускиот амбасадор ќе биде поканет во Министерството за надворешни работи

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг најави дека ќе го покани на разговор рускиот амбасадор во Виена.

Шаленберг во изјава за „Ое24“ остро ги критикуваше неодамнешните изјави на рускиот амбасадор.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа