Македонија и Бугарија примиле официјално барање од Русија да го плаќаат гасот во рубли

Бугарија прими официјално писмо од Газпром во кое се бара да го плаќа рускиот гас во рубли, пренесува Новините.

Како што се наведува, тоа го потврдил министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов.

Известувањето било примено во петокот вечерта. Во него се наведува дека компанијата во иднина очекува плаќање за гасот исклучиво во рубли.

„Русија сака такво нешто. Тоа е дискутабилно од аспект дали е легално и во согласност со договорните односи, како и дали е применливо и како би се применувало“, кажа Николоб.

Бугарија го поддржува општиот став на Европската Унија – ќе инсистира на плаќање како до сега, во долари или во евра. Бугарскиот договор подразбира плаќање во американската валута.

„Секако дека ќе го усогласиме својот став со ЕУ. Она што во писмото се очекува, ако не грешам, се однесува на 18 април, тоа е следната исплата“, додаде бугарскиот министер.

Останува прашањето што ќе се случи со снабдувањето со гас ако не се најде решение со Русија за плаќањето, пишува бугарскиот портал.

Економистите предвидуваат дека цената на гасот нема во скоро време да почне да паѓа.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа