ШОК НА ПУТИН: Непријателската Македонија и сите останати непријатели нема да добијат Гас ако не платат во рубљи
„Од 1 април ќе биде неопходно да се отворат сметки во рубли во руските банки за да се платат залихите“, рече Владимир Путин за плаќањето на гасот во рубли.
„Постоечките договори за снабдување со гас ќе бидат суспендирани доколку купувачите од непријателските земји не ги исполнат новите услови за плаќање“, се закани Путин, пренесува Спутник на англиски јазик.
Купувачите на руски гас од „непријателските земји“ ќе бидат обврзани да отворат сметка во рубли во една од руските банки кои не се под санкции, објави денеска РБЦ, повикувајќи се на извори запознаени со новиот механизам за плаќање.
„Предложената шема подразбира задолжително отворање на сметки во рубљата во руска банка од страна на странски купувач на руски гас“, изјави владин извор, пренесува RT, додавајќи дека „плаќањето на купувачот кон Гаспром ќе се врши исклучиво во рубли“.
Извор близок до Гаспром за РБЦ ја потврди структурата на новиот план за плаќање, а рокот што го постави владата за преминување на рубљата истекува на 31 март.
„Западот добива дел од рускиот гас бесплатно“
Со замрзнување на девизните сметки на Русија, Западот всушност доби дел од рускиот гас бесплатно, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Тој рече дека Русија ги снабдувала европските потрошувачи со гас, дека тие го платиле во евра, а потоа тие средства биле замрзнати. „Во тој поглед, постојат сите причини да се верува дека дел од гасот што беше испорачан во Европа практично бесплатно го испорачавме“, рече Путин, пренесува РИА Новости.