Еве зошто СДСМ жестоко че биде поразен од своите членови на следните избори! Од лидери на ЛДП до амбасадори во Белград и Анкара
Покрај Теута Арифи, Виктор Димовски, Зоран Попов, меѓу новите предлози за амбасадори се и двајца поранешни лидери на ЛДП Андреј Жерновски и Јован Манасиевски, кои треба да заминат на служба во Белград и Анкара.
Во последната акција за пополнување на испразнетите амбасадорски места, Владата прифати неколку предлози на Министерството за надворешни работи, кои чекаат согласност од претседателот на државата, по што треба да добијат и агреман од земјата домаќин.
Како што вчера објави Фокус, поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи треба да биде нов амбасадор во ЕУ, а директорот на АНБ Виктор Димовски во Париз.
Што се однесува до Вашингтон, каде подолго време нема амбасадор, на дипломатска мисија ќе замине Зоран Попов, кој, како што пишувавме, е дипломат од кариера кој моментално е државен секретар во МНР.
Покрај нив, во напредна фаза е постапката за избор на уште неколку амбасадори, меѓу кои има двајца поранешни лидери на ЛДП.
Еден од нив е претходниот лидер на либералдемократите и поранешен градоначалник на Центар Андреј Жерновски, кој треба да стане амбасадор во Белград.
Како што е познато, тој беше еден од ретките кандидати на опозицијата што победи на локалните избори во 2013 година, кога стана градоначалник на Центар по неколку повторувања на гласањето.
Меѓу другото, неговиот мандат го одбележа борбата против неколку урбанистички планови на Водно, каде тогашната олигархија имаше крупни бизнис-интереси, на кои жртва беше тогашниот претседавач на Советот Мирослав Шиповиќ.
За време на неговиот мандат, тогашната власт му организираше протести, за кои подоцна се покрена судски процес познат како „Шамарите во Центар“, со оглед дека „бомбите“ открија дека поранешниот премиер Никола Груевски му говори на тогашниот министер Миле Јанакиевски дека добро е Жерновски да изеде неколку шамари.
На крајот, овој судски процес заврши со условни пресуди за сите освен за Груевски, кој во отсуство беше осуден на година и пол затвор.
Инаку, Жерновски на лидерското место во ЛДП во наследи Јован Манасиевски, кој треба да биде нов македонски амбасадор во Анкара.