Но француските власти соопштија дека рускиот лидер се согласил да ги разгледа плановите за евакуација на цивили од градот.
Официјални лица од француската Елисејска палата ја нарекоа ситуацијата во градот „катастрофална“ и додадоа дека „цивилното население мора да биде заштитено и мора да го напушти градот доколку сака. Тие мора да имаат пристап до помош во храна, вода и лекови што им се потребни“.
Франција, заедно со Турција, Грција и неколку хуманитарни групи, му претставија на Путин план за евакуација на градот.
Официјалните лица рекоа дека Путин му рекол на Емануел Макрон дека „ќе размисли“ за предлогот.