Азов под лупа: „Вакви фашисти ли ќе ни ја водат земјата кога ќе заврши војната?“

Либералните Украинци стравуваат дека баталјонот може да извлече политичка корист од херојството на бојното поле. „Дали сакаме вакви фашисти да ја водат нашата земја откако ќе заврши оваа војна?“, праша еден лингвист од Киев.

Заменик-командантот на ултранационалистичкиот баталјон Азов, чии неонацистички корени Русија ги користи за да ја оправда инвазијата на Украина, сака да разјасни нешто.

„Мора да сфатите што е Азов. Тоа се мажи што претежно фатија оружје в рака затоа што бевме нападнати од Русите“, вели еден набиен и брадест борец, кој се претставува само под военото име „Калина“, во објава на каналот на баталјонот Азов на Телеграм. „Ве молам, не мешајте ги концептите на патриотизам и нацизам“, додава тој.

Таа пешадиска единица е основана во 2014 година од доброволци со ултрадесничарска политичка наклонетост, кои се бореа против проруските бунтовници во источна Украина. Сега баталјонот игра истакната улога во клучните битки во Киев, Харков и Мариупол.

Андриј Билецки, командант и основач на силите на Азов, и поранешен пратеник од нивното одвоено политичко крило, Национален корпус, за Фајненшл тајмс (ФТ) по телефон од Киев вели дека тие го формираат „’рбетот на одбраната на Мариупол“ и додава дека во тој град има околу 1.500 борци на Азов. „Водиме во најсериозните битки“, изјави тој за британскиот весник.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа