Русија се обидува да ја подели Украина на два дела за да создаде регион под контрола на Москва, тврди шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов.
„Всушност, тоа е обид да се создадат Северна и Јужна Кореја во Украина“, рече Буданов во изјавата, додавајќи дека Украина наскоро ќе започне герилска војна на териториите што ги држат руските сили, пренесува Ројтерс.
Зеленски: Западот е виновен за се…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини Западот за недостаток на храброст додека неговата земја се бори, како што рече, да ја спречи руската инвазија.
„Денеска разговарав со бранителите на Мариупол. Јас сум во постојан контакт со нив. „Нивната решителност, храброст и цврстина се зачудувачки“, рече Зеленски во видео обраќањето, пренесува АП.
Да имаа храброст од еден процент оние кои 31 ден размислуваа како да предадат десетици авиони и тенкови“, рече украинскиот претседател.
Воената помош од западните земји досега не вклучуваше борбени авиони, а предлогот за префрлање на полски авиони во Украина преку САД беше одбиен поради загриженоста на НАТО за вклучување во воен конфликт со Русија, наведува американската агенција.
„Па кој е одговорен за евроатлантската заедница? Дали сè уште е Москва, благодарение на нејзините тактики за заплашување?“, праша Зеленски, додавајќи дека „нивните сојузници мора да ја засилат помошта за Украина“.