„РУСИЈА ПЛАНИРА ДА КОРИСТИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ АКО ТОА ИМ Е НЕОПХОДНО“ најави итно Песков – откри која ќе биде главната причина

Русија ќе користи нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е навистина загрозено, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој синоќа изјави дека руската армија не извршува напади врз цивилни цели во Украина, и дека целта на специјалната операција не е „окупација на Украина“, пренесува РИА Новости.

– Руската армија не цели цивилни цели… Окупацијата не е една од целите на споменатата операција – изјави Песков за Си-Ен-Ен.

Запрашан да одговори дали Путин мисли дека ја постигнал својата цел во Украина, Песков рече „се уште не“.

– Конфликтот се одвива строго во согласност со плановите и целите кои беа утврдени пред почетокот – рече тој.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа