Пратеникот Илја Кива на Врховната Рада: Ќе се случи голем пресврт – Фашистичката „Азов“ ја презема армијата и власта во Украина
Пратеникот на Врховната Рада, Илја Кива, изјави дека екстремистите се подготвуваат да го соборат Владимир Зеленски со воен удар, со преземање на вооружените сили на Украина под нивна контрола.
Во својата видео порака Кива наведува дека безбедносните сили во Украина се во загуба поради неизвесност.
На почетокот на своето обраќање Кива рече дека дава анализа што ќе се случува во следните две недели. Во таа насока, натамошното сценарио го објасни со соборување на деморализираниот и слаб Зеленски, имајќи добра причина – уништената група „Азов“ во Мариупол, бидејќи тврдат дека тој е одговорен за таа ситуација.
Тој додаде дека Зеленски бил деморализиран бидејќи бил предаден од сите западни сојузници.
Кива вели дека нацистичките сили, кои се базирани на баталјонот „Азов“ и „Националниот корпус“, веќе имаат подготвен план.
По преземањето на власта, тие ќе почнат да се „влечат на запад“, окупирајќи ги териториите на западните региони: Кавов, Тернопил, Ивано-Франковск и Закарпатската област.
Покрај Мариупол, каде што се опколени, „Азов“ има дел од силите и во Киев и во Харков.
(pravda.rs)