Павле асети дека СДСМ енормно ја губи подршката и ВМРО се враќа на власт? АКО ЗА ТРИ МЕСЕЦИ НЕ СЕ ВОВЕДЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Трајанов ќе ја преиспита поддршката на Владата
ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен политички блеф со тоа што го менува ставот и вели дека е за промени во Изборниот законик и за воведување една изборна единица, смета претседателот на Демократски сојуз и пратеник Павле Трајанов, кој гостуваше во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.
– СДСМ во основа поддржува една изборна единица и тоа беше нивниот став дека треба да се отвори расправата за ова прашање, меѓутоа големите партии често го менуваат мислењето и таков општ консензус тешко дека ќе се обезбеди. Јас сум оптимист дека три месеци е оптимално време кога може да се донесат усвојат измените на Изборниот законик. Ако за три месеци не се усвојат, ќе ја преиспитаме нашата поддршка на Владата – рече Трајанов во емисијата „360“.
Тој информира дека разговарал за ова со премиерот Ковачевски и дека е дел од приоритетите на Владата.
ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен политички блеф со тоа што го менува ставот и вели дека е за промени во Изборниот законик и за воведување една изборна единица, смета претседателот на Демократски сојуз и пратеник Павле Трајанов, кој гостуваше во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.
– ВМРО-ДПМНЕ го прави ова бидејќи смета дека СДСМ ќе се повлече од идејата за промени во Изборниот законик и воведување една изборна единица. Инаку, ако ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери и СДСМ со коалиционите партнери застанат цврсто, тогаш отпорот од која било политичка партија ќе се скрши и Македонија ќе биде со една изборна единица – смета Трајанов.