Зеленски повторно навести: Ако преговорите пропаднат, нè чека Трета светска војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неуспехот на разговорите за ставање крај на руската инвазија ќе значи трета светска војна.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Зеленски рече дека е подготвен лично да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека преговорите се единствениот начин да се стави крај на непријателствата.

„Мислам дека треба да го искористиме секој формат, секоја шанса, за да можеме да преговараме“, рече тој.

Сепак, Зеленски рече дека го отфрла секој договор што ќе бара од Украина да ги признае сепаратистичките региони поддржани од Русија како независни.

Украинскиот претседател рече дека верува оти ако неговата земја е членка на НАТО, „војната нема да започне“.

„Ако членките на НАТО се подготвени да не примат во алијансата, тогаш направете го тоа веднаш“, рече тој. „Затоа што луѓето умираат секој ден.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа