Саудиска Арабија е во активни преговори со Пекинг за продажба на дел од својата нафта на Кина во јуани , велат познавачите на ова прашање.
Станува збор за потег кој би ја намалил доминацијата на американскиот долар на глобалниот пазар на нафта и би означил уште едно поместување на еден од најголемите светски извозници на нафта – кон Азија.
Преговорите со Кина за договорите за нафта во јуани траеја шест години, но се забрзаа оваа година бидејќи Саудијците станаа сè понезадоволни од децениските американски безбедносни обврски за одбрана на кралството, велат изворите.
Саудијците се лути поради недостигот на поддршка од САД за нивната интервенција во граѓанската војна во Јемен и поради обидот на администрацијата на Бајден да постигне договор со Иран за неговата нуклеарна програма .
Саудиските власти рекоа дека се „шокирани од ненадејното повлекување на САД од Авганистан минатата година“.