„Го имате конфликтот во ВМРО ДПМНЕ. Ќе видите дека таму веќе е почната битката кој ќе биде кандидат за претседател на изборите во 2024 година.
Од една страна Љупчо Коцарев од МАНУ и од друга страна е Марјан Ѓорчев сега член на ИО на ВМРО ДПМНЕ и човек од најголема доверба на Христијан Мицкоски.
Тоа се две про-руски структури во врвот на ДПМНЕ кои ја поставуваат базата да бидат можни кандидати за претседател на државата на изборите во 2024 година.
Три или четири лидери на ДПМНЕ на еден неславен начин ја завршуваат политичката кариера во тој koнфликт помеѓу длабоката и заробената држава.
Првиот е Ванчо Михајлов против кого е распишана cмpтна kазна и во тогашна Југославија и во тогашна Бугарија. Вториот е Љупчо Георгиевски кој со војната 2001 година и операцијата длабокото уво е симнат на власт и понатаму се наоѓа на црната листа на САД.
И третиот е Никола Груевски, кој мора да бега во Будимпешта на топлок оброк три пати на ден со Шарената револуција и масовното прислушување која е направена во Македонија. Масовното прислушување на 20.000 луѓе.
Која е веројатноста ако три лидери на ДПМНЕ завршуваат на таков начин дека и четвртиот лидер нема да заврши на таков начин. Посебно што овој лидер сега располага со сите пcихолошки карактеристики да биде полоша мешавина на молотов коктел на Љубчо во делот на парите и Груевски во делот на психолошкото иживyвање со македонскиот народ.
Овој човек покажува со сите свои постапки во овие години дека е над државата. Вежба во услови на корона, пие во кафана во услови на корона.
Не почитува ни закон, ништо во Република Македонија. И тоа е психолошка порака дека тој кога ќе дојде на власт ќе биде многу посилен од државата.“, вели Ефтов.
Целата емисија погледнете ја на видеото подолу: