Америка и ЕУ ќе побснат! Османи и Македонската Влада направиле договор со РУСИЈА неколку дена пред да ја нападнат Украина?ДРЖАВАТА КУПИЛА РУСКА НАФТА ЗА ПОЛА МИЛИОН ЕВРА Податоци од „Отворени финансии“ ја откриваат набавката преку „Лукоил“
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи пред еден недела изјави дека преку купување на руска нафта се финансира руската армија.
Македонија купила руска нафта за 30 милиони денари, или за околу пола милион евра на 4 март годинава, откако Државната дирекција за задолжителни нафтени резерви склучила договор со „Лукоил“ за дизел-гориво уште на 9 февруари, денови пред да почне руската окупација, покажуваат податоците од владиниот сајт „Отворени финансии“.
Станува збор за делива набавка на еуродизел.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи пред еден недела изјави дека преку купување на руска нафта се финансира руската армија.
– Мислам дека Русија, Руската Федерација, главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од готови енергетски ресурси. Секако дека со нивното купување се финансира руската армија, таму нема дилема и рече тогаш Османи.