СЕ ПОЈАВИ НОВ ВИРУС КОРОНА: Заразени две лица, а експертите предупредуваат дека оваа варијанта НЕ Е ПОЗНАТА на светот
Две лица во Израел се заразени со нова варијанта на ковид, која експертите ја опишаа како „сè уште непозната“. Новиот вид предизвика благи симптоми кај пациентите, вклучувајќи ниска температура, треска, главоболка и болки во мускулите.
Генетското тестирање откри дека сојот што го носат две лица е комбинација од оригиналните (BA.1) и новите (BA.2) варијанти на омикрон. Според Министерството, сојот се уште не е познат во светот, а бил откриен со PCR тестирање на патници на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив.
Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди европските земји да не ги потценуваат опасностите од мешаниот вид, иако е премногу рано да се зборува за тоа колку може да се шири и колку може да биде опасно.
Пациентите заразени со мешаниот вид се маж и жена, пар на 30-годишна возраст, кои се заразиле со вирусот од нивниот син. Бидејќи не е кажано од каде потекнуваат заразените, сè уште не е познато потеклото на новиот вид.
Генералниот директор на израелското Министерство за здравство Нахман Аш изјави дека тоа се случува кога во иста клетка има два вируса и дека „кога се размножуваат, разменуваат генетски материјал, создавајќи нов вирус“.