РАСТЕ ТЕНЗИЈАТА МЕЃУ БУГАРИЈА И РУСИЈА: Се чека реакцијата на Москва на непријателскиот гест на бугарските власти
Десет руски дипломати се прогласени за личности „нон грата“ во Бугарија, соопшти руската амбасада во таа земја.
Да, ја потврдуваме оваа информација – изјавија во руската амбасада во Бугарија
На почетокот на месецов бугарското обвинителство објави дека покренало кривична постапка против рускиот дипломат под обвинение за шпионажа. Тогаш двајца руски државјани беа прогласени за персона нон грата.
Руската амбасада тогаш соопшти дека во нотата на бугарското МНР нема конкретни податоци, ниту факти, ниту докази.