Дмитриј Рогозин објави видео на социјалните мрежи во кое Бајден вели дека тој го наредил бомбардирањето на Белград во 1999 година: Бајден треба да се потсети кој е воениот злосторник
По повод обвинувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник, се огласи директорот на Роскосмос Дмитриј Рогозин и објави архивска снимка на која Бајден вели дека тој го наредил бомбардирањето на Белград во 1999 година.
„Можеби треба да се потсети на Бајден кој е воениот злосторник“, напиша Рогозин на својот канал Телеграм, заедно со видеото во кое Бајден признава дека предложил бомбардирање на Белград во 1999 година и испраќање американски воени авиони за уништување на мостовите на Дунав.
„Кон крајот на својот живот, овој крвав старец мора да се сеќава на неговите злосторства, илјадниците цивили што ги уби“, заклучува Рогозин.