(видео) БАЈДЕН: Јас предложив бомбардирање на Белград, им предложив на нашите пилоти да одат таму и да ги уништат сите мостови на Дрина
По вчерашното обвинување од американскиот претседател Џозеф Бајден за рускиот претседател Владимир Путин, кого го нарече „воен злосторник“, шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, рече дека Бајден е „воен злосторник“.
Рогозин објави и видео во кое претседателот на САД, тврди дека тој го предложил бомбардирањето на Белград во 1999 година.
– На работ од својот гроб, овој крвав старец мора да се сеќава на неговите злосторства, илјадниците цивили што ги уби, рече началникот Рогозин.
На видеото се гледа и слуша гласот на Бајден кој се фали дека токму тој предложил бомбардирање на главниот град на тогашна СР Југославија.
– Јас предложив бомбардирање на Белград, им предложив на американските пилоти да одат таму и да ги уништат сите мостови на Дрина…, вели Бајден во видеото.
Тој вчера изјави дека Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина.
-Тој е воен злосторник, изјави Бајден пред новинарите во обраќањето во Белата куќа.
Тој, исто така, го обвини рускиот претседател за „силно уништување во Украина“.
Видеото може да го погледнете ТУКА.