ГЛАВЕН УСЛОВ КОЈ РУСИЈА ГО БАРА ОД УКРАИНА: Дали Киев ќе се согласи на ОВА? – „Не мислиме дека војната е решение“
Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат, а министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека преговорите со Украина имаат за цел да се обезбеди нејзиниот воено неутрален статус.
– Преговорите кои во моментов се водат се преговори за обезбедување на воено неутрален статус на Украина во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот и во контекст на демилитаризација на Украина за Русија никогаш повеќе да не биде загрозена, и секако во контекст на суспендирањето е потврдено во повеќе законски акти. Тоа значи укинување на сите дискриминаторски ограничувања кои беа воведени во врска со рускиот јазик, образованието, културата, руските медиуми – рече тој на заедничката прес-конференција со неговиот ирански колега.