Џафери со Апасиев повторно се закараа! СДСМ и ДУИ одолговлекуваат со мерките за поевтинување на цените за народот

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, денеска обвини дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, го злоупотребува процедуралното обраќање.

– По кој пат го пуштате координаторот на СДСМ во процедурална расправа? Еве 17 часот е, а сѐ уште нема мнозинство. Сите ве чекаме од 15 часот. Срамота е ова да го правите – рече Апасиев на собраниската седница на која се разгледуваат предлозите на Владата за измени на законите за акцизи и за ДДВ.

 

– Сите ние сме Собрание. Имаме одговорност пред граѓаните. Нашите гласачи ќе проценат кој како им мисли добро. Ова е сериозна ситуација. Не е до мене што нема пратеници. Некој заглавил, се возел со зимски гуми на снегот во Маврово, па некој требало да го турка. Кастро извини, за мене ова не е смешно. Работата е сериозна. Одиме во скратена постапка – му се обрати Џафери на пратеникот.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа