Официјален Пекинг одби да испорача компоненти за авиони на руски компании, изјави шефот на руската Федерална агенција за воздушен транспорт, Валериј Кудинов.
„Ќе бараме делови за авиони од други земји “, рече Кудинов.
Според него, Турција или Индија би можеле да станат такви добавувачи.
Кудинов додаде дека секоја компанија самостојно ќе преговара за набавката.
(Б92)